дедо (имн.) - ви (зам.)

– „Ами не е чаре, стрико, да ми кажеш каква била клетвата од дедови ви за да не раѓате челад?“ му рекол Силјан.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Е, тогаш дедо ви ќе се загрижи дека сте ги надлетале и облаците и ќе рече дека е крајно време да ве одведе кај бајачката во соседството - за неа сите знаат дека ептен ја бива за баење од уроци, ама и од секакви летања со умот, нарочно над облаците.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
— Море ми, како живејме!... зар вие не знајте; како вие шо живеете пред да и наметните, како татковци ви и дедовци ви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прашајте го некогаш дедо ви Баџак, веројатно тој ја знае.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
— Е, ошче ли мислите така да живејте, како татковци ни?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)