девојче (имн.) - од (предл.)

Кога стана разговорот за женење, Толета го пријаде јасникот и почна да ги реди во умот сите девојчиња од селото и да нагаѓа која ли сака да му ја наметне бегот за да може после, како своја робинка, да ја прибере на кулата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ноќта: Песната. море. пладне Излегува девојче од морето Од сладоста на нејзината кожа Врне Дожд.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
2. Ако ова дрво овде е багрем, тогаш куќичката за птици е закачена за моето десно рамо, поилото за пчели се држи за сламка а ти си со Девојчето од другата средина, не ти се допаѓа преводот и ги фрлаш презреаните сливи кон косовата прегласнот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Во соништата ми оживеа и лошата маќеа на Пепелашка, и страшната маќеа на Ивица и Марица, и маките што ги претрпува девојчето од маќеата во приказната за црното кравајче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Една вечер се забавивме со Земанек на тренингот. Дојдоа да нѐ гледаат некои девојчиња од гимназијата, но и од текстилното школо, и ние беснеевме на мотоциклот, еден по друг: првин Земанек скокаше од ритче на ритче, а потем јас возев на едно тркало.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во градината, на клупа седеше Ана, кадраво и русо девојче од нашата улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Два човека за еден вол, три жени со пет деца за една крава, а Муарем му даде на Мамута четири девојчиња од по седум-осум години за осум гуски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од зградата излегуваше Викторија со „младите комити“ и со девојчињата од ритмичката секција, па сите ѝ честитаа, велејќи дека ги подготвила - супер! - како да се од детскиот центар „Карпош.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Доведе едно девојче од првиот маж кое две години пред тоа живеело кај чичка си.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)