девојче (имн.) - се (зам.)

И навистина, во малото десетгодишно девојче се зароди љубов и омраза кон едно свое другарче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гога се изнасмеа добро, а кога чу за кое девојче се работи тој рече: - Арно си го одбрал гулабот, само малку доцна, така ми се чини.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
На дланките на девојчето се посеани трошки мирислив леб.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Почнавме да врескаме, да свиркаме, да полудуваме; при секое качување на некое од девојчињата на разбојот да му го правевме на Земанек истото (викавме: „О-ооооооо-ооп“); девојчињата се вцрвуваа, нѐ молеа да престанеме така да се однесуваме, некоја од нив и нѐ опцу, рече дека сме кретени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Девојчето се нажали, одвај ги задржа солзите и со малото дланче ми го рамнеше стутканото листенце.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Одеднаш најмалото девојче се сцрве и ги помоли: „Дајте ми го мене!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
- Ќе ме исќофта, хи хи хи... - се смееше Ане.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Девојчињата се погледнаа и двете калливи со ќофтињата во раце. Почнаа да се кикотат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И девојчињата се супер! Оваа година ќе се пријавиме за републички натпревар во Куманово.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Маргот!“ Едно од девојчињата се јави. „Па...“ Никој не се придвижи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)