девојка (имн.) - кој (имн.)

Отспротива се наоѓаше една корпулентна девојка која имаше вишок килограми, но имаше и вишок од кеш кој на Трпе секако му беше неопходен за да опстане во гладијаторскиот смрад Скотје.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Пред Ондин се појавува девојка која се двоуми дали да се исповеда пред него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во зададената ситуација „Поп” Ондин игра исповедник, а протагонистите (како Ингрид Супестар) доаѓаат кај него и импро­визираат исповеди во кои, по веќе даде­ната конвенција, се испреплетуваат позерството и стварноста.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Прецизно, тоа беше глас на девојка која трпеше удари од снежни топки од друга девојка и нејзината тајфа, на врвот на планината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сега можеше да се сети само на едно, само на онаа весела девојка која постојано со левата рака си ја зафрлаше темната коса.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му шепна „јe t’aime“ онаа вечер кога се подготвуваше да си замине, а на плажата немаше никој освен нив двајцата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Првата година кога започнаа да се собираат, зборуваа за „Барбара“ на Превер – насмеаната девојка која поминува покрај поетот за да му се фрли во прегратка на некој друг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Невидлив меч му го пресече телото, како кога ќе видеше на огласната табла на факултет дека не го положил испитот или како кога некоја девојка која му се допаѓаше ќе поминеше покрај него гушната со некој дечко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Лулупешку се подига, гледајќи во девојката која и натаму спие, си ги брише рацете: - Убаво ми велеше мама – „Апсолвирај на време.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
На сите им дадовме авионски карти до Таксон, но бидејќи се случи Вера Круз, необична девојка која ја познававме, да оди со автомобил до таму, им рековме дека, ако сакаат, можат да ги вратат авионските карти, да ги задржат парите за себе и да дојдат со неа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нели тој ми ги испеа оние песни за девојката која низ радоста поминала успана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа девојка, кога се разбудила знаела да ги повтори сите зборови што ги слушнала во сонот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку е ова точно, сфатив кога Аугуст де Лоор (основачот на Бирото за советување) ме повика да му се придружам во собата за Прва помош, каде што на една девојка ѝ беше лошо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Видовме девојка која лежи на кревет, утешувана од нејзиното момче, а крај нив една жена облечена во униформа на Црвен крст.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но не може да се каже дека не ме измачуваше помислата: од каде кај девојката која што одвај ја познавав, оваа желба токму пред овој состав да ме оцрнува и понижува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Девојката која се обиде да ми го оспори правото на отсутност!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вис­тинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за крими­нално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)