движење (имн.) - се (зам.)

Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да стојат со скрстени раце во моментот кога вестите за ширењето и буењето на револуционерното движење се слевале во Солун и во Цариград од цела Македонија, било невозможно.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Меѓутоа, првиот процес уште не беше завршен кога беа преземени сите мерки и беа употребени сите средства за да биде смислено скршнат и разнебитен од заинтересираните соседни држави, а револуционерното движење се појави дури откако националистичките пропаганди почнаа да го цепкаат народот и да го задушуваат токму тој процес на национално осознавање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На луѓето им остануваше да живеат - и живееја, по навика што беше станала инстинкт - со претпоставка дека секој произведен звук се слуша и дека освен во мрак, секое движење се надгледува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Модерните држави главно и понатаму се занимаваат со прашањето како да го колективизираат и социјализираат индивидуалното, додека авангардните движења се обидоа да го решат проблемот на индивидуализација на колективното. 154 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа движење се темели на претпоставката дека информациската технологија ќе овозможи пронаоѓање на вештачка стварност, којашто за основа ќе ја има нашата претставувачка моќ (моќ за создавање претстави).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)