дама (имн.) - во (предл.)

Палата, дами во сатенски фустани и нивните избраници во војнички униформи и беспрекорно исчистени црни чизми до колена.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа беше доста барана во градот бидејќи шиеше прекрасни облеки за многу видни дами во градот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На попатната париска станица „Сурен“ една дама в раце носеше некакво кученце, многу мило и интересно поради неговата муцка. Ѝ пристапив и ја прашав колку чини едно вакво куче.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кученцата со црвени панделки се задолжителни – да подлајуваат во себе додека дамите во црвени чевлички да го фатат ритамот на промените.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)