Тоа, премостувањето, не бараше многу работа; требаше само да се попречат обични дабови стебла од едниот на другиот брег на реката, врз нив да се нафрлат земја и камења, па христијаните без многу отпор се прифатија за работа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Здогледаа млади дабови стебла, со непаднати светлокафеави лисја, - Бадник - препозна Влатко, ама ништо не рече. Договор си е договор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Движејќи се низ густите дабови стебла, старецот подзапре и покажувајќи со раката на едно дрво, рече: -Во дабон има дупка на диви пчели. Оттаму доаѓа брмчењето.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)