гумен (имн.) - чизма (имн.)

Брате Јоване, јас сум една од оние бубачки што со своите многу очи гледаат десетици слики одеднаш - и се виде самиот себе во гумени чизми до појас, таму, на едно мочуриште, меѓу трски и меѓу селани, потонат в густо и зелено крекање на илјадници невидливи жаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Капсула, до појас стегнат во меки гумени чизми, го тера дедото да му се качи на грб да го пренесе до ѓумето а овој се буни, одбива, но тоа сѐ некако тихо и неуверливо, плашејќи се внукот да не го послуша и да не го остави да ја гази водата леко пориена со тенка стаклена кора.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Баш под чепурот на кацата беше крснозе седнат Бенедето Кроче - обул гумени чизми и навлекол пластични ракавици и со часови веќе се мачеше да им објасни на насобраните луѓе дека на дното на кацата се ставаат најголемите бабачки зелки и дека на врвот на пирамидата секогаш се најмалите зелчиња (најмалите – најубавите, како што одамна беше било се рекло).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И велам - во кујна се носат гумени чизми за да не ти се намократ нозете, па бел мантил, скутале, а на главата шамиче, за влакно да не ти падне во јадењето“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Поправо, крупната риба и не ја гледаш, освен оддалеку, како рибарот во гумени чизми ја носи држејќи ја за жабрите и што повисоко да не ѝ се влече опашката по земјата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)