грч (имн.) - и (сврз.)

И можеби затоа, кога пак погледна на Велика и Зоја, забележа дека поттреперуваат нивните бради, дека во очите им виреат и се вртат солзи, тогаш кај неа во градите нешто се прекрши, ја фати грч и ѝ се присака гласно, на сет глас да заплаче, да залелека, да заофка и коса да си корне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Волците се растурија, оставајќи по себе само неколку расфрлани голи коски, а еден од нив, продорно квичејќи, ја повлече по себе едната своја мртва половина, додека другиот, сигурно погоден во скокот, се стркала со сета сила надолу, меѓу стеблата, собран во грчот и мртов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не фолираше: се мачеше, беше жив грч и броеше еден, два, три, четири, пет, до илјада и двапати повеќе и пак сонот не можеше да се провлече под рампата на неговата свест.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Другиот ден рекоа дека по изведбата на обредот на Луција ѝ се слошило, дека паднала во силни грчеви и дека едвај ја спасиле да не си го одгризе јазикот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако не, ќе имаш висок оган, стомачни грчеви и дрскосерица.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Бестелесна состојба на безвоздушна маса која самата себе си се стега. Во грч и страв.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И ме фрла со дланката лесна в чудна игра, в чудно компонирање, изгаснувам во грч и умирање и се враќам в живот како песна.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)