грутка (имн.) - мраз (имн.)

Облечен во оваа иста униформа, со пушката потпрена на коленото, тој седеше пред исклучениот телевизор и се убедуваше дека стравот што го чувствува како грутка мраз во градите е сосема природен во таа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Впрочем, историјата на Балканот секогаш беше таква, доаѓаше и одминуваше во куп, а остануваше грутка мраз во душите на луѓето која тешко се топеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Мајка ми - па што дека!“ реков, а срцето ми се стори грутка мраз.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
А нему му се чинеше дека целата грутка мраз што веќе му се беше стопила од срцето, сега му се собрала во очите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја поткрева главата, ја нема Чана, брлогот уште е топол како што кажуваат дланкиве, а овде, каде до пред малку беше тој - студено бетер од грутка мраз!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)