група (имн.) - ќе (чест.)

Реморкерите на нафтната компанија ќе донесеа купишта тела, група работници ќе ги растовареа, санитарците ќе ги попрскаа со некоја балсамирачка течност, за да не се распаднат, друга група ќе ги натовареше на камионите и камионите ги однесуваа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Третата група ќе ги наречам турбо фолкери.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Модот на комуникација ја одредува не само брзината, туку и природата на промената.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ноќва првата група ќе даде стражари што ќе се сменуваат до разденување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Индивидуите се активирани да се променат кога од останатите во својата група ќе примат сигнали за некоја нова идеја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Имаме пушки, кубури. За овие неколку дни до доаѓањето в село ќе се распоредиме во групи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)