група (имн.) - и (сврз.)

Се измешаа така и се разделија на групи и секоја група бодињаше по една уличка, за да се сретне со друга во друга та да нема каде да се поминат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Словени се викале и Србо-Хрватите. Имињата Срби и Хрвати се носеле од малечки јужнословенски групи и биле племенски, а се сториле народни само кога нивните носители, т.е. племињата Срби и Хрвати образувале големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е проблем на постојано и истовремено вообличување на свеста и на управувачката група и на големата извршна група веднаш под неа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Грофот се одвои од групата и појде по ќерката, а другите се стрчаа по избеганото момче.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Рече, понатаму, дека најмногу внимание во партијата ќе посветуваат на физичкото образование на младите генерации, оти нема здрав народен дух без здраво народно тело; освен тоа, ќе оформувале и играорни групи и кружоци за дебати околу народната уметност денес.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние се поделивме на две групи и се извлековме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само оној, кога беа наближени до селото, се оддели од нивната група и скитна некаде, сам.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште од првиот ред таму се нагласи дека темата што ќе се изучува се однесува на тоа како мажите што веќе се геј се здобиваат со свесен идентитет, со заедничка култура, со одреден светоглед, со заедничко чувство за себството, со свест дека ѝ припаѓаат на посебна општествена група и со особени сензибилитет и субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се делат во групи и одат на линија, на касапница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тие се сврзале во групи и го создале првото тело.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)