група (имн.) - ученик (имн.)

Жива расправа продолжи и додека го чекаа автобусот, многу остана недоречено, брзаница се поздравија и се качија: „Ми рече колегата што го сменив: - Горе ќе имаш една група ученици и еден даскал.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Вели, некои одат на фитнес - во затворени простории се раздвижуваат на разни справи, а тој си ја сака природата, сака да се раздвижи и испоти во природни услови, па така секоја недела Еко оди со група ученици на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Талкајќи меѓу Евтим (живееше кај брат му Јован кај фабриката Треска), сопчето на Нанчо во самиот центар каде што јас го уживав неговото гостопримство оти ми беше вујко по баба, и слободните клупи во најзафрлениот дел на паркот каде ги минував деновите читајки го Тихи дон, сепак го поразив оној Првиот во мене кој ја бараше закрилата на големата група ученици од Војводина во Учителската и му дозволив на оној Другиот во мене Учителската да ја замени со Гимназијата, ризикувајќи да биде сам во сосема непозната средина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)