група (имн.) - кој (имн.)

Според нив тие требало да се обидат да организираат, насочат и “ако е можно да раководите со група која би уништила кој било од железните железнички мостови кои ја премостуваат реката Вардар на правецот Скопје и Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Била формирана нова оперативна група наречена Осоговска група која ја сочинувале: Третата македонска бригада со два баталјона, еден косовски и еден јужноморавски баталјон и Гевгелискиот партизански одред.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не знам дали проектирал или учествувал во проектирање на некоја друга зграда, но интересен е фактот дека во секој телефонски именик, во секој виенски адресар од 1933 до 1938 година стои д-р Лудвиг Витгенштајн - архитект, а не философ. Меѓутоа, тој докторираше како философ.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Интересот за философијата кај него повторно оживува кога го напушта учителското место и доаѓа во контакт со неколку членови од групата која станува позната како Виенски круг, подразбирајќи го тука и нејзиниот водач, Мориц шлик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Александар се сети на групата која што себе си се нарекуваше Црни Коњи.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Овој обид на гемиџиите имал и една друга последица: за прв пат тие се откриле пред Револуционерната организација дека постојат како револуционерна конспиративна група која што планира да се бори против османската власт и веднаш ја добиле нејзината подршка во лицето на нејзиниот прв човек - Гоце Делчев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Постоење на група која разговара заедно, тоа е идеалот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Всушност, така јас и моите посетители станавме една група која неополномоштено завлезе во едно многу деликатно прашање, и така јас самиот влегов во ризик за кој, сѐ додека не се случи најлошото, ни од далеку не бев свесен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Уметничката политика како предмет на истражување Ова истражување, значи, се занимава со една политичка водечка група која како милитантен претставник на антидемократските сили во Германија созаде уметничка диктатура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Коле Чашуле бил член на комунистичката партизанска група која го кренала македонското востание против бугарскиот фашистички окупатор на 11 октомври 1941 година во неговиот роден град Прилеп.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)