група (имн.) - дете (имн.)

И кога во групата деца најпоследно се појави девојче да го бакне крстот, се зачуди поп Трајко и си рече: — „Шо бара воа чупе меѓу децата?“ — ама си го стори адетот без да ми попречи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Измислував игри. Игри за сам и игри за со група деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А еднаш се степа и со цела група деца што ја бркаа да ја фатат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Потоа, без било каква тешкотија, заедно со групата деца од своето одделение, тргна по учителката и влезе во училницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Моето летовање веќе беше договорено, ќе одам со „Студиото Пинокио”, со цела група деца, во Охрид и во Крушево, а брат ми сѐ уште не беше сигурен дали ќе му се оствари животниот сон да оди во Лондон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И за него беше договорено, ќе биде на гости кај едни пијатели на татко ми и, истовремено, цел месец во Лондон ќе оди во англиско летно училиште, но не беше сигурно дали ќе успее да добие виза.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Секоја група деца ја чекам, а јас нема што да пречекам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Змејко беше во групата деца што заминуваа првопратено, како него, се чувствуваа мажи, имаа по десетина години, одеа да печалат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Паметам, пријде средновисока девојка и ме издвои од групата деца.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од височинките поголема група деца од Струмица се спуштаа со санки, други се сончаа, а не мал беше бројот на зимувачи кои организирано беа на прошетка низ околните места.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)