група (имн.) - борец (имн.)

Од тие причини на 16 мај 1944 група борци и активисти, на чело со Наум Пејов, се одделиле од ЕЛАС и се префрлиле на територијата на Вардарска Македонија и барале одлуката на КПГ да се повлече.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
В ред, в ред, во создавањето на таа фама (дека Ѓурчин ми е татко) не треба да го минимизирам ни учеството на мајка ми, поточно начинот на кој таа се однесуваше кон тврдењето на Огнена Гулева.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков веќе, претпоставките на Огнена како да не ја допираа, а се однесуваа токму на мајка ми, на никој друг.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев уверен дека таквите конструкции веројатно шетале од уста до уста, особено во деновите по моето раѓање што се поклопуваше и со деновите на ослободувањето, кога веројатно се прераскажувало учеството и на мајка ми во воените случувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми се беа врежале во споменот сите оние бладања на Огнена Гулева за ноќите под Сина Скала, кога во нашата куќа престојувала групата борци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Една група борци се отцепија од ЕЛАС и се придружија кон партизанските единици од Вардарска Македонија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со потпишаниот договор во Либан (20 мај 1944) била запечатена судбината на НОВ на македонскиот народ во Грција, а била отворена врата за реставрација на предвоениот режим во Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)