група (имн.) - кој (зам.)

Тука беа и претставниците на експертската група која, во присуство на Татко, требаше да ја констатира природата на документите и да предложи решение за нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во времето на вечниот генерален директор (Ј. Ќука) – работниците се изиграни од него и од тогашното раководство: имено, наместо акциите за коишто вработените даваа и до 50% од платата за да ги купат и за кои мислеа дека се од централата на АД „Охис“ – Скопје, ним им се [про]дадени акции од фабриката што произведуваше течно стакло ГЕС Гостивар, која имаше многу помала реална вредност и којашто подоцна оди под стечај2 (оваа фабрика и раководството ја купуваат со парите кои вработените ги даваат за откуп на акции од АД „Охис“ – Скопје).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради кревањето глас и „бунењето“ против оваа свесна измама врз работниците, Љ. Н. е тргнат од работното место и е прогласен за технолошки вишок, заедно со други работници во новоформираната „Група 99“ (група која е составена од работници што го креваат гласот поради изиграноста и поради ова бунење 167 се прогласени за технолошки вишок и се избркани од работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во однос на непријателските и окупираните земји СОЕ била слободна да запосли или да стапува во контакти со групи кои се во можност по војната да имаат политичко влијание.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На 25 и 29 септември 1944 година Тито се обратил со телеграма до Главните штабови на НОВ и ПО во Југославија285 барајќи од нив поради настојувањто на сојузничките воени мисии да се поврзат со „четниците, усташите и другите реакционерни елементи“ да ја забранат работата и движењето на сите сојузнички воени мисии и групи кои “немаат писмена дозвола од ВШ“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Британците се надевале дека таа група би соработувала со групата која требало да врши диверзии на железничката пруга Скопје-Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Најголемите чекори што беа направени на полето на Translation Studies во дваесеттиот век, беа потикнати од подготвителната работа на одредени групи кои работеа во Русија во 1920-та година, а веднаш потоа и од Прашкиот лингвистички кружок и неговите ученици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Па имаше пратенички групи кои не ни доаѓаа на седници со години па редовно си земаа плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
И таа визија ги одржуваше донекаде групите кои имаа корист од секоја историска промена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според тоа, и од гледна точка на новите групи кои се подготвуваа да ја заземат власта, еднаквоста меѓу луѓето не беше повеќе идеал што треба да се избори, туку опасност што треба да се одбегне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имало групи кои функционирале во регионални групи како Евреите, Ерменците, Ароманците, кои ги знаеле по малку сите јазици на зоната, но го негувале посебно и сопствениот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа го видовме за време на борбите за цивилни права каде што доминантниот поим беше оспорен од група која беше угнетувана, маргиналиризана и во голема мерка заборавена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Третата премиса е дека разговорите кои што се потребни да се разреши оваа дилема се попречени бидејќи (а) доминантните говорници во групата која разговара го забрануваат дијалогот за проблемот; или (б) постојат надворешни пречки (како што се политички притисок, закана со насилство во семејството, културна или верска дејност), кои јасно забрануваат разговор во врска со дилемата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Била подготвена и Декларација за македонската парламентарна група која требало да ја потпишат македонските пратеници во бугарското народно собрание, избрани на листата на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа автономистичката ВМРО на Тодор Александров најавила радикални промени на својата дотогашна програмска ориентација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имаме компјутерски мрежи што ги поврзуваат луѓето, конференции, неформални групи кои се среќаваат.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Водачите на првите народни „влади“ биле убиени како Стамболиќ и Радиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Адамиќ во таа пригода ги дефинира како ганстерски сите балкански династии и групи кои соработувале со нив.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беа праќани во соодветни групи кои потоа беа пренесувани во соодветни простории.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја носеа в затвор и ја обвинуваа дека дејствува не против општеството, туку против човештвото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега Клара беше посветена на идејата да ги освести жените дека самите ќе мораат да се изборат за она што им припаѓа: сама изработуваше плакати на кои пишуваше дека образованието на девојчињата не треба да биде подготовка за улога на домаќинка туку да биде образование кое ќе им овозможи самостојност, и ги лепеше на фасадите на училиштата; бараше сопругите да имаат право да побараат развод; организираше групи кои бараа жените да имаат право на глас, а политичките партии ја пријавуваа во полиција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа, решението е вакво: ќе се формираат групи кои тајно и неусетно ќе се вовлечат во селото.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Границите постојат за да бидат скршени од човековите активности. 66 Дечиња-зајчиња се деца помали од 13 години (понекогаш дури и од 6 или 7 години), кои си играат со агентите на граничната патрола, со цел да го одвлечат нивното внимание од семејствата се обидуваат да претрчаат преку границата и да влезат во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Полероси се организирани групи кои шверцуваат евтина мексиканска работна сила во САД.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)