група (имн.) - го (зам.)

Меѓутоа, во полициските записници стои дека на 4.11.1890 год. во една поголема група сослушувани ученици и студенти од Македонија бил и Хаџиташковиќ и дека дури утрето и таа група го напуштила Белград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Групата го влечеше јажето од длабочината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Неговиот глас им беше светлост во вечниот мрак, сончев изгрев. Утро и ден.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Но најголем дел од лицата на овие предци се осенчани со внатрешна светлина и пламен што сјае низ жеравките на очите, оној жар што во нив го запали единствениот и севишен бог, оној што на Мојсеј кого што впрочем сите од оваа група го познаваа, своевремено му ги дал заповедите и законот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа третата рударска група го извлекуваше дремливиот Шарлаган- кан за да ја помине ноќта во некоја куќа- бунар, со другите гардисти.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)