грст (имн.) - вода (имн.)

Црпиме грсти вода и си тураме на темето и во вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или да се појавам во природна, неизменета состојба, онака како наутро, само со грст вода фрлена на образот и малку помадичка, на рамни чевли, без лажна висина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ги полневме своите малечки грстови вода. Ги вовлекувавме длабоко в земи и те поевме.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
А на асфалтот блескоти сонцето, заробено во грст вода, единствениот траг од облакот што помина утринава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се престоруваш земја и камен. И длабоко со тебе ќе пропаднат нашите грстови вода за да остане пусто ова распаќе без корени и без деца!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Заслабна, клекна и врз лице и чело фрли грст вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)