грозје (имн.) - и (сврз.)

Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оние што ќе влезеле во киното после журналот се изложувале на опасност да наседнат купче лушпи од семки, сончоглед, суво грозје и леблебија, но и на сѐ уште неизгаснат отпушок од цигара.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Го затекнав киното во кое беше забрането јадење семки, сончоглед, суво грозје и леблебија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Откако на долната порта излеговме од црквата, мажите почнаа да пеат извикувајќи колку што можеа погласно: Крсти креваме, Бога молиме, Да ни се роди Жито пченица И бело грозје И машки дечиња И женски чупиња...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Допаѓајќи им се виното, полковниците повремено му наздравуваа на отец Серафим прашувајќи го за видот на грозјето и староста на виното.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Има 100 сорти, сите одлични и без семки (пошто со закон е забрането грозјето и лубениците да имаат семки).
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Три дена делевме само по еден грст суво грозје и ни наизлегоа јагрлци и нициња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крвта има вкус на превриено грозје и полна е со трепетливи ѕвезди.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Суровата игуменија Минадора рекла со скаменето лице неколку утешни зборови и го развеала манастирското знаме со извезен лик на маченикот Никита.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во тој ист вторник, иако очајот и плачењето не стивнувале, жените, дури и оние самохрани леунки и трудни вдовици наполниле неколку карти со ракија од диви круши, од грозје и од цреши и натовариле на две магариња дисаги со леб и лук, па една по друга, секоја со запалена борина во рака, пошле да ги пречекаат последните од дружината; да ја плашат со оган и писок чумата или улерата, болештина што им била позната на дедовците, еднаш, којзнае кога, додека и пците бегале од злото и се јазеле по врели карпи далеку од сите човечки патила, и побеснувале, и станувале гозба на волчи свадби или се здружувале во глутница со ревење да ги заплашуваат чобаните и бачовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Станав и јас, со задоцнување сокривајќи ја Мечкојадовата шарена торба зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој извади од џеб зрна суво грозје и ми ги подаде на дланка но со таква бавност како да сум птица што може да му избега и да го остави бескрајно молчалив и осамен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)