гробишта (имн.) - и (сврз.)

Кога тоа и го кажав, ми кажа што рекол: дека еден ден, додека влегувал во метро, видел еден човек како им продава моливи на две жени - човек без нозе, кој се движел со помош на платформа на тркала.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истиот ден работеше и на чевелот со огледало на прстите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Отсега натаму на гробишта и в црква ќе се оди само по еден пат, пругоре по сокакот што ги дели Џокоските и Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
3. Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Често гледаш во тие пролетни дни - излегува малата колона од интернатската врата, свива покрај градските гробишта и за малку ете ја во слободниот простор на полето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Седеа под сенка на ѕидините од еврејските гробишта и го слушаа далечното бревтање на сонливите возови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Средата ли, четвртокот ли, одново се разденивме како во пекол градината во дворот тажна, стебленцата во неа јадни, Татко ми го снема, како да исчезна во времето, и некаде по некој ден гледаме: водата ги раскопала гробиштата и жолтите коски на мртовците пливаат по улиците и ни мавтаат на сите: ајдете, велат, што чекате?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога Јован стигна со копачот на рамо, оној истиот Јован кого го сретнав пред два месеца на гробиштата и кој тогаш ми се понуди за работа, сонцето веќе беше високо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ги откопале дури и коските од гробиштата и ги расфрлиле по ѓубриштата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ пикнаа во гробиштата и почнаа да пукаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најтешка беше умирачката. Мртовецот се вадеше надвор извиткан во ќебе, зашто ни сандак можеше да му се направи, ниту на гробишта да се однесе, туку само му се правеше дупка во снегот во дворот и се оставаше тука за да не се смрди в куќи и да не се плашат децата; се забодуваше крај него висок стап со крст на врвот за да му се обележи местото: да се знае каде е ставен во снегот и да се најде кога ќе запре снегот за да се однесе на гробишта и да се закопа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како ја откривте природата? На гробиштата, посетувајќи го гробот на старамајка, кога умре. На гробиштата и на скверот Лувоа, бидејќи таму беше моето училиште.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
И така нѐ прошетаа од место до место каде некогаш имаше гробишта и секаде празно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
До девет денови одев на гробишта и палев боринка, немаше свеќи, и нему и на другите за да имаат малку светлина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)