гроб (имн.) - го (зам.)

Оти рече Лествичникот: „Нека влезе сега тоа копиле ѓаолско, нека чини чтение на уката што мојот отец, таткото мој во гроб го фрли“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Охридското Езеро е како око, кое од гробот го гледа криминалецот Каин.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И од ним - самовилите една по една идеа - од гроб до гроб го дигаа јунак до јунак - на оро.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Гробот го изнесоа низ прозорецот - засвире музиката.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
По раката на дедо Васја ползеше мравка.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Врз асурата во гробот го фрлија кетинот со кој беше завиткано телото, а врз нив ја нафрлаа тргнатата земја и го наместија гробниот камен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)