грло (имн.) - им (зам.)

Ја зедов секирата и со спокојство во срцето и во грлото им реков да ѝ се вратат на својата црна кола со митралез.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја зедов секирата и со спокојство во срцето и во грлото им реков да и се вратат на својата црна кола со митралез.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И пак трчаа, а од грлата им гргореше непресушна смеа. Каква чудна августовска вечер!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во грлото им беше веврена плевата, а во градите молкот. Им кркореа само цревата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)