грев (имн.) - кон (предл.)

Чувствував, но немав сили да запрам, дека чинам нов грев кон Татковиот живот, сакајќи да го одбранам...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ни Татко, а уште помалку Камилски, не можеа да го заборават настанот во Татковата библиотека и во нашата куќа во врска со една непрочитана книга на Камилски. Тоа стана грев кон непрочитаната книга којшто и ние децата никогаш не го заборавивме...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Она што само еднаш го добива човечкото суштество - животот – го уништува со лудилото и покрај тоа што го живее, бидејќи го живее без резултат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лудилото веќе не беше грев кон Бога, ни злосторство, туку попуста егзистенција, промашен живот, живот како неискористена шанса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Така е, мој Горски, гревот кон човекот и неговиот живот е и грев кон природата, - рече подготвено Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Постојав малку така, знам тоа ги оладува жешките глави како неговата, ама се сетив и на Алегра и на Јехуда што нестрпливо чекаа вести за првата аранжирана средба, па си велам, ако не се согласам ќе носам грев кон чистите души на тие две кутри суштества и двете желни за питома љубов и заедничко гнездо:  „Нека одат!“ - се согласив и фрлив поглед врз мајката на Алегра кога ги затвори очите и испушти нечујна воздишка.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Одев кај нив дома да видам дали сè е в ред, кога го гледам Јехуда, дотеран и онака малку подгрбавен од работата, како со ведар чекор оди по маалото и ги поздравува минувачите забрзани со пазарлакот кон дома и стариците што метеа пред капиите, додека од една куќа допираше длабокиот глас на спикерот што соопштуваше вести за нови борби на грчко-италијанскиот фронт во Албанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)