грб (имн.) - го (зам.)

Кога се напи, се обиде да се исправи, но пушката префрлена преку неговиот грб го врати кон земјата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Го лекувале, прашоци во забот му дувале, на грб го легнувале и самите се превртувале.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
„Не мора да брзам, ќе ги соберам кога ќе се вратам“. - си помисли Јана и со малото ранче на грбот го фати патот кон најомиленото место, јодната бања во Бечеј.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога се напи, се обиде да се исправи, но пушката префрлена преку неговиот грб го врати кон земјата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги надживеав сите добрини и зла и сега небидница мојот грб го ведне.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Но штом; родот безумен, суров грбот го врти на својот труд и жртвата моја не му е требна и сѐ што засадив корне од корен тој отров наместо јас да го смукнам нив право во очи ќе им го плукнам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Само со врвот на прстот по грб го удира висок келнер.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Не се чувствуваше најдобро. Беше изморен од претераното напрегање, на грбот го чувствуваше студенилото од кошулата натопена со пот, а и нозете му беа мокри од снегот што му се истопи по чорапите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)