граница (имн.) - ќе (чест.)

Партизаните сметале дека во однос на тоа не би требало да има никаков проблем бидејќи “границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според добиените одговори можел да заклучи дека според партизаните “не би требало да има проблеми бидејќи границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот. `Слободното гласање` би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Можеа да ме откријат и да ме заробат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од Ливерпул до Атина границите ќе се скинат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Од своја страна Влавијанос сметал дека "демократската атмосфера нема автоматски да ги реши проблемите", но сметал дека таа атмосфера би создала подобри методи за нивно решавање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Сметал дека левите сили ќе создадат атмосфера во која дискусиите по прашањето на границите ќе бидат можни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дедо иронично забележуваше дека границите ќе го следат нашето семејство и на небото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Наспроти тоа, природата на пазарното стопанство - по дефиниција - претпоставува дека границите ќе исчезнат, бидејќи пазарното стопанство не може да функционира без непрекинато зголемување на кружењето на предметите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Татко, во своите песими­стички варијанти за Балканот, во својата незавршена Историја низ падовите на империите, тврдеше дека митот на балканските граници ќе живее најдолго, а причина ќе биде синдромот на асмата, на изолираноста, кои остануваа нај­силно изразени кај неговиот албански народ.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Какви војни ќе донесе иднината на Балканот, во какви граници ќе нè окова.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)