граница (имн.) - преку (предл.)

Татко, како некогаш поради асмата, кога замина во Турција, преку Италија, и се спаси, сега, кога фашизмот, пак преку блиските, му беше зад петици, реши да ја мине границата преку Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не минало многу време од големата свадба каква што не се паметеше во градот крај Езерото многу одамна, кога со денови и со ноќи се пееле полифониските песни, се пиело и се играло, макар што земјата била во војна и во пустош, а и границите преку ноќ се менувале, започнал да се гаси животот на дедо.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Новата граница преку ноќ нѐ раздели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
5. Колку и да изгледа контрадикторно ова барање на Мисирков, тоа не само што се совпаѓаше со тогашната руска политика на Балканот, за која тој мораше да води сметка, туку беше и еден од основните пунктови на националната програма на Македонското научно-литературно другарство во С. Петербург (натаму: МНЛДУ): без привременото останување во рамките на Турција, во тогашните околности, со полна културно-национална автономија, при отстранување на пропагандите и нивните институции во Македонија и обезбедување на границите преку турскиот суверенитет, навистина тешко ќе можеше да се избегне дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се преминуваа границите преку високите планини, се бегаше дење и ноќе, со последните сили и надеж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Времиња со стари и нови граници! Дедо сигурно би се превртувал во гробот кога би знаел дека неговиот син една ноќ решил со семејството да ја мине границата преку езерото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)