граница (имн.) - кон (предл.)

Но крајниот сон на Климент Камилски беше да создаде библиотека со ѕидови од книги, како отворени граници кон бескрајот, во потрага по излез од балканскиот лавиринт.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во летните месеци на овој пат тешко се разминуваат коли, зашто патот е преполн со туристи од Европа и од други места, кои бараат место за одмор по северното крајбрежје од Солун кон Драма, Серес, Кавала па сѐ до грчко-турската граница кон Деде Агач, односно Александропулос.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го заклучи дуќанот, доби благослов од мајка му, ја облече униформата, ја натна војничката шајкача на глава и замина на границата кон Унгарија.  На 6 април германските бомбардери го надлетаа Белград и почнаа да ги бомбардираат најзначајните згради.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таму каде што дијалектиката не успева (А.А. губи во вербалниот двобој), останува ризикот да победи физичкото насилство, сказот од зборови продолжува во акции кога авторот укажува и ги осудува мерките на заплашување: со изолирање од телефонската врска, со организираната врева за да се спречи неговиот сон, со служење на неподнослива храна и последната нискост: приморуваат една негова блиска роднина да им се придружи во стапицата што му ја поставуваат на исцрпениот наратор пред да ја мине границата кон Македонија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И додека по крајот на бомбардирањето луѓето трчаа како муви без глава на сите страни, не знаејќи што да преземат, таткото на Алегра стоеше како закопан в место и гледаше во синагогата од која остана куп урнатини и се креваше облак од прав што го препокриваше човекот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Мофашите успеале да продрат преку Бигла во Був, во Герман, ни ја фатиле целата граница кон Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко и Камилски си имаа обичај долгите прошетки во источниот и западниот брег на градот, односно лево и десно од реката, поврзувајќи ги со камениот мост изграден уште од султанот Мехмед II, да ги завршат во големата Железничка станица, која беше една од најубавите станици не само во овој дел на Европа туку и пошироко, гледајќи ги меѓународните возови Балкан-експрес и Балкан-ориент, како патуваат преку границите кон исток и запад, север и југ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)