град (имн.) - сѐ (прил.)

Засега во градов сѐ е во ред.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Спротивно од него, мајка ми, и не сакајќи кога одеше в чаршија или по некоја од службите во градот, својот македонски наместо да го проткајува со бугарски, како за инает, но всушност неконтролирано, почнуваше да зборува - со српски примеси.  Низ градот сѐ повеќе се расшетуваа луѓе со жолти ѕвезди по палтата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Градовите сѐ уште не ни се изградени, немаме големи населби за сите луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Градот чекаше дваесет илјади години. Планетата се движеше низ вселената, цвеќето по полињата растеше и венееше, а градот сѐ уште чекаше; реките на планетата навираа, пресушуваа и се претвораа во прав. Градот и натаму чекаше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)