гостин (имн.) - се (зам.)

Без да покажат и најмала тревога, гостите се запатија кон Тодоровата куќа, која сега не беше на крајот, како дедо Волчевата, туку токму на сретсело.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гостите се разотидоа. Останавме пак сами.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ме подзема и мене ветерот и одам по нив, небаре гости се испраќаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Фрапира многу брзата и културна услуга зашто гостинот се чека на улица и се испраќа пак до улица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Секој гостин се испраќа, му вели војводата, па и јас сакам да те испратам. - Не правам повеќе гости, се моли Џемо полјакот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)