гостин (имн.) - им (зам.)

На бледата светлост гостите им се сторија на децата џинови.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таму стрина Николица на гостите им сварила млеко и им дала да се напијат, за да се затоплат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нив ги држат грчки гастрономи кои на парижани и на гостите им сервираат грчки ражени, ќофтиња, шиш-ќебап, а сето тоа се приготвува пред очите на минувачите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред девет часот Петра тргна од маса на маса да наплатува со што всушност на гостите им ставаше на знаење дека е со намера да затвори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Полека гостите им се придружуваа и седнуваа околу нив, некои од нив и на наоколу поставените табуретки со ориентални шари кои фамилијата Јованоски ги имаше донесено од Турција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)