господ (имн.) - му (зам.)

Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А нему таа нејзина приврзаност кон него и сочувствување со неговата трагедија, му ја олеснуваше болката, му даваше утеха на разнебитената душа. Ѝ се радуваше кога ноќе ја сонуваше и кога во сонот господ му го враќаше видот и ја гледаше како што ја гледаше пред да ослепи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кога 'и видел мачорот глувците во дупките, ватило слинки да му течит и да се оближуат, како коа да беше 'и изел сите глувци, и паднал на коленици, за да прај метании и кревај рацете наугоре, чини, врти и белките од очите на небеси, ѓоа на господ му се молел; тргај броениците и викај: „Господи, помилуј!“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Да трепнам и повторно како во нов свет да зачекорам оставајќи ги зад себе, сите неостварени желби, сите црни мисли што тежат, ко преполнета вреќа, од уличен просјак, наведнат ниско до земјата, ко да се поклонува за дарот денешен, што господ му го испратил...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Само Богдан јанков, а за тоа господ му е сведок, ги познаваше тајните на душата: барем еднаш во месецот го гледал тос свет на сон. таму трчал без тежина на мисли и години, лежел, чекорел без почва под стапалките, бил засолнет од бегови, од балкански војни, ос сите власти.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Трески го фаќаа, во огнови запаѓаше, но сѐ издржуваше, зашто знаеше: со огнот господ му ја проверува душата, како што со огнот се проверува дали е златото чисто...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)