голтка (имн.) - ракија (имн.)

Кога ќе собереше поголемо купче и кога ќе се измореше од товарањето и туркањето на количката, онака испотен на августовската жега, седнуваше само за кратко и испиваше голтка ракија од едно плоснато шише оставено до новиот ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше длабока ноќ. Ханка испи уште неколку голтки ракија и го засолна шишето меѓу креветот и ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Земи“, рече; ги отворив очите - над мене стоеше Симон Наконтик. „Земи голтка ракија. Се тресеш, викаш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шашливо ме гледаше и со обете дланки ми подаваше жар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Сакаш ли голтка ракија? Покажал Богоја Гулабарин кон стомната; смекнувал; само понекогаш се шегувал, никогаш не се карал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш дошол Онисифор Мечкојад со таква оѕвереност на челуста што дури и дрвјата затрепериле околу него. Смеењето ослабнало, кикотливците молкнале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)