година (имн.) - сум (гл.)

Четири години сум одделен од жената и децата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На оваа убавица со години сум мислел, сум се мачел да ѝ пријдам, поради мислата на неа толку пати не сум можел да легнам со жена ми и одеднаш, сега кога таа ми се предаде, кога имав чувство дека пречекорувам во пределите на рајот и чистата среќа, дури и помислував како ќе се разведам за да се земам со оваа жена, јас одеднаш почуствував несовладлива желба за сексуален однос со мојата жена која, еве, на очиглед ме изневерува со радијаторот, како што тоа буквално може да се каже.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајко божја, ми се чини дека пред милион години сум била дете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаеш што ми рече: Од петнаесетта година сум во армијата и не знам за поинаков живот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И во тој миг узнав зошто со години сум се опседнувал самиот себеси со сликата на пајакот и неговата мрежа, и безброј часови сум минувал во размисла за смислата на делото на таа животинка: мрежа, со творецот на мрежата во нејзиното среде.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Јас осумдесет години сум поминал тука, ни болест, ни глад, ни студ, ни гром не ме покосиле...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почекај малку, порасни, знаеш ли кога прв пат во животот сум ја минал границата? Кога сум бил студент.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Добро е – си мислев – што татко ми не е тука, оти ако се вклучи во разговорот, пак ќе морам да слушам: „Јас на твои години сум бил пресреќен до Охрид да појдам, а не за странство и за свет да мислам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислиш ли дека сум од челик, а?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цела година сум без секс!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ти каде си бил пред сто години? - Што сакаш да кажеш, стрико Дмитре? Не те разбирам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И пред сто години сум се мачел вака. И пред илјада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со години сум го разурнувала она што мој Благоја го градел”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не ги коментирав овие нејзини размисли Каде те судеа, во Штип, прашав?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас еве седум години сум терорист и уште така сигурна рака не сум видел. (Се слуша клучот во вратата.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
При последната средба дури и ми довикна: Попусто се прашуваш во една твоја надраска (а таква надраска не постои): колку ли бил тежок мојот сизифовски напор в туѓина, бидејќи секој ден сум го разградувал она што таму, кај вас со години сум го градел!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)