година (имн.) - нема (гл.)

И ете го, уште година нема, тоа веќе стои во стојалката, гуга и се влечка по задниче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но видовме оти онде имаме работа не со едно, ами со цели 4 имиња, коишто означуваат дека до пред неколку години немало точно определено народно самосознание.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никој не можеше да поверува дека ова навидум банално прашање за османскотурскиот јазик на баба Хазбије во семејството што го одгледа и подигна, со текот на годините нема да престане да нѐ следи во текот на долгите години во туѓина, Татко посебно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Цела година немаше ни глас ни абер, ни поздрав ни клетва од неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Осумнаесет години немаше ден Рада да не помисли на расцветаниот лотос.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Каква е таа жена со која тој толку години нема никаков контакт и кај која не мисли да се врати...” му рече таа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Татко ми од Мелбурн, додека беше уште жив, како што се бевме договориле, ми испрати една сума пари во бренчот на Сити банк во овој град (во нашите банки во тие години немавме доверба откога милионски суми на штедачите им пропаднаа) и јас, бидејќи веќе планирав да патувам во Измир, реков дека и така ќе поминам во Истанбул и ќе ги земам парите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве, сегашниот, кој е од националните, повеќе од три години нема стапнато овде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Мачорот повторно испушти тажно мјаукање, полно со чудење што доаѓаше од некоја забавена лутина, што избиваше длабоко од него, каде што припитомувањето сѐ уште не беше допрело, а можеби ни по милион години нема да допре дотаму.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со години немало дете, се сети таа, а девојчето беше весело и живо како пиле.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не ми веруваат дека од 45 година немам државјанство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Согледувајќи го развојот на настаните во Југославија, на британскиот премиер Винстон Черчил, веднаш по Техеранската конференција, му станало сосема јасно дека НОВ и ПО на Југославија ќе бидат решавачкиот фактор во повоеното уредување на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Стравот произлегувал од можноста таквиот развој на настаните на Балканот, каде што од мај 1941 година немало ниту еден британски војник, да го зајакне излолационизмот кај оној дел од американската јавност што бил противник на инволвирањето на САД во војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст бил и коментарот во весникот „Њујорк тајмс“ од 13 април 1941 година, во кој се критикувала дотогашната нерешителна американска политика на Балканот, пред сѐ во однос на Кралството Југославија, а се состоела од празни „дипломатски ветувања, без никаква можност САД директно да помогнат во испраќањето воена помош на југословенската војска“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во почетокот на 1944 година немало сомневање во фактот дека НОВ и ПО на Југославија се главниот фактор во борбата против силите на Оската, дека ја имаат поддршката на народот и дека се единствените носители на борбата против окупаторот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бабата: Јас немам педесет и десет туку 60 години.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Учителката во прво ти замижа на едно око, но ми се заколна во душата на нејзиниот покоен маж дека оваа година нема да ти прости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во селото што го носи во себе Чинго, веќе се пробиле и елементите на онаа цивилизација што до пред педесетина години немаше никаков пристап во духовната сфера на народниот раскажувач.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Шо стана, бре, има три години нема лаф да прајме со тебе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во спротивно, друштвото нема да стекне статус на заштитно друштво и наредните пет години нема 108 да може да работи како заштитно друштво.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако тоа биде случај, предвидено е дека друштвото ќе го загуби статусот на заштитно друштво и наредните пет години нема да може да работи како заштитно друштво.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Законот од 1978 година немаше пропишано прекршочни санкции за странци кои остваруваат работен однос во земјата. 2.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во градот со години немало пожари, па сега за толку малку време, толку многу пожари?! Не беше за верување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оваа година нема да цутат, а вгодина - ќе видиш убавина!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Првпат за Нова година немавме дома елка. а кога другарките на Билјана дојдоа да нѐ посетат, зачудено извикаа: - Леле!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)