година (имн.) - мине (гл.)

Пред сѐ, тој доаѓа во Шпанија, една година минува во Мадрид, заработува за живот копирајќи ги старите мајстори.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А годините минуваат и денес, утре животот поминал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
А како што годините минуваат, работите се забрзуваат, зарем не?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Од 1951 година, кога го објавил романот Кај беше, Адаме?, станува професионален писател.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бил регрутиран уште во почетокот на Втората светска војна и шест години минал на три фронта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти, сериозно, по малку заканувачки, ме гледаше. – Е кој да се сети на сето тоа, многу години минаа!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но годините минаа како ветер. Бартон создаде подмолен итар телефонски центар и сними многу итри одговори.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Пропатував бројни европски земји. Заборавив илјадници страници и илјадници незаменливи човечки лица, но склон сум да мислам дека, во суштина, никогаш не сум стапнал со нога вон таа библиотека и вон таа градина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Триесет години минаа. Куќата во која ми се открија тие фантазии е урната.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сѐ што оттогаш работев, и сето она што ќе го работам е тоа дека просто плетам и расплеткувам приказни настанати од некои претходни приказни.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во збирката песни Златото на тигровите од 1972-та, Борхес напиша една доработена верзија на таа своја рана поетика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)