гнев (имн.) - го (зам.)

Далеку од ограничени на личното, жалоста и гневот го придвижуваа геј-идентитетот понапред во јавната сфера.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Така гневот го одржуваш во себе жив! – продолжи старецот. – не сакаш да го победиш: затоа што си го испуштил надвор од темниот кафез.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Најважната работа што треба да ја сфатиш е дека, без разлика дали си весел или гневот го обзема твојот лик, сјајот на твојата кожа пак има виножито кое се огледува во сонцето, наспроти твојот гнев или веселост – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)