гласина (имн.) - дека (сврз.)

Ова не ја спречило дрогата да се појави на Калифорниската рејв сцена - дури има и гласини дека оваа дрога е вмешана во смрта на Ривер Феникс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред неколку месеци „Берлинскиот колекционер Ерих Маркс почна да ги собира своите долгорочно позајмени Бојсови дела од регионалните музеи, и со тоа почнаа да се шират гласини дека неговата колекција би можела набргу да замине за Берлинската Нова Национална галерија чиешто ново крило за современа уметност би било посветено на уметноста „после Бојс”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Германските музеи се обидуваат да ги откупат релативно ретките дела од голем формат: Каселската нова галерија неодамна исплати повеќе од 10 милиони долари за една собна инсталација од 1976 год.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дури и се слушаа гласини дека: Балканците треба да направат историски чекор кон културното, политичкото, социјалното, технолошкото, економското и кон финансиски поефикасен облик на организација- во спротивно ако тоа не се случело ќе следел нивниот масовен егзодус- па од Балканот со егзодус ќе заминат спрема Запад, а во земјите на Балканот, ќе останат шака интелектуални дебили, со политичка власт и економска моќ- опиени болесници кои ќе управуваат со Балканот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зар тој што имаше толку исушени откоси зад себе, за кого кружеа гласини дека е женски срцекршач, вечерва уште на втората средба прифаќа да биде понизен слуга и роб.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од друга страна, да ти кажам, овде се шират гласини дека некои од познатите американски фирми како шо се „Texaco” или „General Motors” и некои други им продават камиони, гуми, бензин и други возила на националистите на генерал Франко.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Официјално, беше жртва на крадците, но чувме гласини дека умрел од овердоуз.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Ете, јас знаев: сега ќе се појават гласини дека тој избегал од затвор.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дека уште утредента ако не и истиот тој ден можат тие туѓински војници да се појават во полето помеѓу двеве планини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со сите оние авиони на небото. Со гласините дека непријателот од сите страни напредува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оние кои не го почитуваа, а беа многу повеќе, пуштија гласини дека влакната од неговиот нос биле подолги од срамните влакна на Ирис и брадата на нејзиниот сопруг.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Од каде ли излегуваат сите тие гласини?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така, се прошири гласина дека Иван Никифорович се роди со опашка okno.mk 137 одзади.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)