глас (имн.) - додека (сврз.)

Се грчел и како оддалеку да ги слушал призраците на туѓите гласови додека барале од него да го прераскаже настанот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Онаа за девојката која и години по смртта на својот сакан, го гледа со очите на својата душа, и не престанува да му зборува.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што се случило вчера крај исечените стебла како да било сон што сè уште не се сушел под стежнатите клепки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Непријатноста на таа помисла се оцртуваше во згрченоста на неговото тело додека стоеше загледан во книгата, во згрченоста на неговиот глас додека изговараше едно сосема вообичаено и непотребно прашање: „Дали некои песни особено ти се допаднаа?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ситно сечи го кромидот”, „Убаво измеси го месото”, „Не штеди на кашкавал... нека биде шарска баш!”, го слушав нејзиниот глас додека од долниот балкон му делеше инструкции, а таа, веќе здружена со сите фамилии, распиштолена пиеше кафе со Фиданчо и неговата половина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И така вели свекрвата додека двете раце во скутот ѝ мируваат како заспани пилиња, а гласот додека зборува кадифесто и звучи толку меко зашто секој збор од срце ѝ извира.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- А зошто викаш толку гласно? – се чудеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Застани - викав колку што ме држеше гласот додека трчев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)