глас (имн.) - веќе (прил.)

Еден возбуден глас веќе дрдореше од телекранот, но само што почна, беше речиси задушен од воодушевената врева однадвор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ќе пукаш ли?“ праша: гласот веќе не му беше ни мек ни длабок. „Можеш ли да убиеш?“ Таа стоеше безгласна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Затоа третиот во нејзините последни врели ноќи зачекори кон неа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Едно куче жестоко лаеше, просто кинеше, но брзо престана и неговиот глас веќе не го слушав.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Гласот веќе ми замалува, кон никаде не оди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој сериозен обид да се одговорат прашањава би нѐ одвел далеку зад границите на тукашнава студија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но можеби и би било возможно подлабоко да се испитаат во смисла на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто иднината на геј-културата навистина изгледа обвиена во магла, а многу гласови веќе го имаат најавено нејзиниот непосреден пад.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Привидниот пад на геј-културата, всушност, произлегува од структурни причини што немаат многу врска со сѐ поголемата општествена прифатеност на хомосексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дали тој хумор веќе не подзаличува на архаичен?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако глас веќе немам, иако е сеж потих и потих, Гласот стана громогласен. Гласот стана Стих.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)