глас (имн.) - сличен (прид.)

Одеднаш Јоне ќе викне, и тогаш едната од нив, водачот, ќе пушти глас сличен на овчарско свирење и сите ќе спрснат да бегаат брзо како ветер, искачувајќи се по најстрмните места.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Понекогаш нервниот напад му иде и кога ќе чуе некој да расправа за војната или да види во весниците слика од борбите: тогаш испушта гласови слични на митралеско пукање, кркори и трча со испружени раце како да држи митралез и вика: ”Јуриш! Напред!” и фрла пена од устата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но кафезот, сам ли од себе, или од струење на воздухот во пирамидата, започнал да се ниша над саркофагот, да чкрта и да испушта гласови слични на оние од птиците што изумреле. Се мачел да ги замени.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)