глас (имн.) - кој (зам.)

Макар што не престануваат предрасудите за Балканскиот полуостров, од овде се извишуваат значајни книжевни гласови кои на посебен начин го потврдуваат нивното европејство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најпосле, една квечерина, се појави онаа будалетинка, оној човек со силен глас кој при поранешните посети предлагаше гараж и синема на отворено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во главата на Исак, за момент исчезна гласот кој до пред малку го повторуваше она утринско необично заканувачко претскажување, кое можеби не значеше ништо, а со сигурност знаеше дека не е последица на алкохолизирана вечер, бидејќи претходната ноќ ја помина на работното место средувајќи ги документите расфрлени по канцелариските бироа...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Одреден број од овие филмови е работен во форма на исповед (Suicide се состои од крупен план на рака со лузни од обиди за само­убиство и од off глас кој објаснува како дошло до тоа, а во Drunk протагонистот пред камерата пие шише алкохол, а него­виот монолог станува сè понеповрзан како пијанството зема замав) или им дава простор на протаго­нистите за исповед.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тавел наведува: „ова е најодредено упатство што некогаш ми го дал”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа е некој чуден глас кој ме упатува да ја чујам, пред сè, пораката на точката, а потоа и на сè друго.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го допирам цвеќенцето на реверот на мојот внук, го земам тој цвет и се мачам да запишам нешто со него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се трудев да не го слушам тој уверлив глас кој незадржливо продираше до седиштето на моето Јас.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Заспиваш, слушаш непознати гласови кои те плашат, но тоа е само сон, помислуваш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нешто длабоко, силно, во татковиот дух се кршеше за да се спојат блоковите време од сиот негов живот, за да завршат во хармоничен глас кој ќе ги повика другите да му се придружат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
До мене сега гледав еден скршен човек, со тага на ликот и глас кој трепереше. ...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Брзо, брзо, брзо, терај, терај, трчај, трчај брзо, не застанувај - се слушаа гласови кои беа надвикувани од луѓето од кои едни во трчаницата паѓаа, други ги прескокнуваа, ги газеа, се довикуваа и се бараа, се слушаше плач и врисок на мали деца и крикови на жени, рикање на говедата и блеење на овците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Речиси секој втор ден таа ме викаше од работа и со глас кој одвај сокриваше радост, детално ми зборуваше за некоја нова и страшна болест штотуку откриена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ме дочека на врата со свилено кимоно со длабок изрез и со пар аждери со испреплетени опаши.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Косата ѝ беше подигната како токму да излегла од када и мирисаше на „нокзема“ крема* и „фајсохекс“.**
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Спиеше мирно. Утрото, кога се разбуди, рече: „Колку убаво се спие на твојава перница.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ноќ ги слушав тие звуци во својата имагинација, додека лежев така будна, и очекував Клара да вика додека спие, да им одговара во сонот на гласовите кои ја мачат во нејзиното јаве, гласовите кои не ѝ даваат да заспие, и на кои толку се има навикнато што без нив мракот ја плаши.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се доближи деверот, ми ја подаде картата со вино и со темен глас кој излегуваше од длабините на земјата, рече: - Наздрави Караѓоз, на младенците наздрави, посакај им среќа и бериќет.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Поначесто, ноќум Сликарот слушаше придушен плач и детски гласови кои доаѓаа од горните простории: „Ми се присторува“, си велеше, се утешуваше и продолжуваше, сиреч, секоја ноќ, секоја полноќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но, гласот кој сега му се обраќаше не беше татковскиот, туку женски, растреперен од грижа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Бог ме задолжи да му служам и секој ден одново го слушам неговиот глас кој ми вели – стани, оди, зборувај!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кожата околу устата и се растегна во грч, телото ѝ се оптегна и таа заофка со глас кој дотогаш не ѝ беше познат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Како ревносен магационер правеше попис на неговите расположенија, нијансите во неговиот глас кои без грешка откриваа дали зборува со маж или со жена, кога некого одбегнува, дали и колку лаже или само крие.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од спротивната страна на жицата до неговите уши допираше метално чист глас кој по својата боја му беше познат, беше сосема сигурен дека го имаше слушнато и порано, но не знаеше кога и од кого.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Останатите шест девојки користеа пиш-пауза во густежот високи треви крај мотелот, се довикуваа и се смееја со гласови кои се мешаа со крекањето на жабите од блиската бара, чекајќи го знакот на Авни за враќање во комбето, додека тој, потпрен на задното седиште, со широко раширени раце и нозе, опуштен во рамениците и лицето, со сласт што му кружеше на површината од стомакот како облак пеперуги, ја полнеше устата на Дора, која малку потоа му се заблагодари со развлечено Мерси, забришувајќи си ја муцката со ракавот на вентијагата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тој проговори кратко и отсечно, со глас кој на слогови ги делеше неколкуте зборови и, без да гледа во неа, речиси ѝ нареди да ја напушти просторијата: “Овдека никогаш повеќе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Уште повеќе, постојат канони кои содржат “слободни” гласови кои не ја следат оригиналната тема, туку само остваруваат пријатна хармонија со останатите гласови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Фугата се познава по тоа што на почетокот има само еден глас кој ја пее главната тема.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од длабочината на просторијата се крева некој глас Кој вреска?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Влегуваше туѓ глас кој не можеше да ја достигне изворната хармонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Џ. иако вљубено го слуша, не може да го избегне внатрешниот глас кој се запалува на зборот „сон“: - За успешното решавање на сегашните тешкотии и проблеми во производството на соништа од големо значење е и заострувањето на одговорноста на сонувачите и одговореното и успешно ракување со средствата за производство на соништа.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Знаеше секој за што се расправа, та често кога ќе му пристапеше на масата и ќе го поздравеше, Фонче и да не ја кренеше главата, го знаеше по гласот кој е и што мака има, што треба да му напише: молба или жалба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во рамките на информациската теорија на преведувањето, Деридината “игра на трагата” не му припаѓа на преведувањето кое ги пренесува препознатливите значења преку границите, туку на едно движење по еден отсутен пат, оној кој диссеминирал или испарил, на глас кој кажува но не може да биде фатен, на ехо кое исчезнува откако ќе се слушне.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Или како: лицето што го набљудувам во огледалото; свежината на вода на дланка; потполна сосредоточеност на секое движење; веселост во зборовите „глувче“; недофатлива трошка во устата; тело собрано во тилот; туѓ глас кој после подолго прислушкување го препознавам како свој.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зборуваше со модулиран монотон глас кој акцентираше со задржување и искривување на тонот повеќе отколку обично повисување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можеме со ламби и фенери да ги бараме одговорите, во рамките на нашите души постојат гласови кои ни ги даваат сите одговори, ние самите најдобро можеме да ги лекуваме нашите најдлабоки рани, да ги надминеме нашите ограничувања, нашите пречки и предизвици и да видиме каде нашата душа копнее да оди.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
А во ушите сѐ уште како најсмирувачка и најмила мелодија ми звучи нејзиниот глас кој ми се чини, сепак, дека е нејзино вчера и денес. А утре?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во ушите како најмила мелодија ми звучи нејзиниот глас кој ми се чини, сепак, дека е нејзино вчера и денес. А утре?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во разгорот на бојот никој не го слушна нејзиниот глас кој се исцеди и секна...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во секој случај, сите во црквата се смраморивме кога од олтарот го чувме неговиот силен глас кој трипати повтори: „Господи помилуј, Господи помилу, Господи помилуууј...“ Не се сеќавам освен ова „Господи помилуј“ дали разбрав нешто друго ама убаво ми беше да го слушам пеењето на дедо попот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Доста беше за денес, - рече со мирен и питом глас чичко ми, глас кој никако нему одговора на неговиот надворешен изглед.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Немој Веданче, немој мило, - ме прекори Тета со тој нејзин мек и пријатен глас кој, иако не наредува, не може да не се послуша.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)