глас (имн.) - ги (зам.)

Ги виде како седат на машкиот кат овие двајца стари пријатели и со низок глас ги поздрави: — Добровечер вујче!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нивните гласови ги мрзнат во ушите, како најдолг и најструден мрзулец, кој ти достасува до душата и срцето и кој ти ја остинува и крвта и снагата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во некое списание, наменето за ловџии, или во весник било, пишувало дека порано, пред што младинските работни бригади ги исушиле мртвиците и блатата, во Пелагонија, во Ларинско, Битолско и Прилепско Поле, а тоа значи и во Потковицата, живееле над 400 видови птици, но дека сега биле сосема изретчени па се предлагало, или сами властите предложиле, да се направи некако да се обноват мртвиците и блатата за да се вратат птиците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И кога и шумата и ридовите се слеаја во едно, громовит глас ги поведе зад себе и сите тргнаа во мракот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога веќе беа пред прагот, пред нив застана старичката и со тивок глас ги праша: - Си ојте? Со здравје и со добро.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѝ навираат спомените, а гласовите ги подзема ветерот и ги сее од ров во ров од бункер во бункер, од таму ги презема и ги префрлува над трапиштата, ги разлева по ридиштата, ги подига до врвови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не ќе разбереа, но по гласот ги препознаа оние двајца Французи.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Нејзиниот глас ги разубедуваше птиците и ги правеше помалку нервозни додека јадеа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Борис беше едно за своите години многу крупно и нападно дете и другар со еден Николче, исто така крупно и несмасно дете коешто со својот глас ги надвикуваше сите деца во училишниот двор.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во стапицата на ноќта врескавите гласови ги морничавеа живите; пијаните ветуваа дека на попот ќе му го скршат грбникот, не ќе купува тој и потаму женски души за шарена басма со напечатени цветчиња и пеперуги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И тоа приватните прашања што немам сили да ги разрешам со обично испитување па дури и со наредба, или со удар на раката по бирото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали треба да ме загрижува ваквото непресметливо однесување на мојот ум?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А јас, не сакајќи, на глас ги соопштувам работите што ме мачат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нејзиниот очајнички глас ги задржа и свирачите и играчите, та сите ги свртеа очите кон вратите. – Охо-хо! – се провикна кадијата гледајќи кон Анѓа. – Убаво грло имала, машала, нашата нова анама.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во сите тие гласови го немаше гласот на Клара Климт, во криковите на тие ноќи кои се прелеваа едни во други и се нижеа во години, во моите обиди да ги чујам нејзините ноќи, Клара остануваше нема, Клара копнееше по тишина, Клара сакаше само едно малечко парче од овој свет во кој би можела безбедно да ја свие главата и да преноќи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев будна цела ноќ, и ги замислував нејзините ноќи, се обидував да ги слушнам тие ноќи затоа што мракот го голта она што може да биде видено, и ги слушав криковите кои ја распаруваат темнината, ги слушав оние кои се осудени да бидат затворени со своето лудило и да го мешаат со туѓото лудило: некој глас ги довикува своите деца, некој глас кажува дека гори, дека пламенот го зафаќа телото, го слушав и зарипнатиот глас на една жена која повторува како го убила својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите како еден на глас ги обзеде невкусна смеа...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Некои видни претставници на идната можна власт на сет глас ги нарекуваше предавници, арамии и тоа по име и по презиме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Оѕвиваше како борија. Неговиот глас ги поведуваше, ги предизвикуваше и другите кучиња да лаат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)