глас (имн.) - праша (гл.)

Гласот прашаше од соседната ќелија: — „Има ли некој во долапот? Ако има дојди во левиот ќош!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Те боли? И таму си удрена? - со болка во гласот праша Фимка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Шо?! – со навредлив глас праша дедо и налутено рече: - Зарем Турчинот-агата ни спомнал некогаш да не зборуваме на наш јазик?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дечките, мајко!? - со уплав во гласот праша Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ами, како ги даде, мори мајко?.. - со прекор во гласот праша Циљка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа, сонливо, туѓо, женски глас праша које и што бара.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А потоа, глумејќи чуден вид незадоволство со изменет глас праша: - Виде како нè предаде нашиот пријател?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Катерина, да те запознаам со Јана - реков откако ја забележав изненаденоста на лицето на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ѓ се накашла и со изнемоштен глас праша: „Добровечер. Тука живее Елена?“
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)