глас (имн.) - извика (гл.)

Десет дена по св. Атанас се издутна уште едно дете со половина маки од оние кога и се стигна Нешка, оти веќе имаше едно искуство пред ова, и кога стрина Маловица, со радосен глас извика — „машала, машала, ерген невесто Доста!“ — на Доста и навреа солзи радосници.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неидентификуваниот, губејќи го спокојот што дотогаш ништо не можеше да го загрози, со строг глас извика: - Јас овде не гледам злато!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога одеднаш, со сиот глас извика: - Ќе пишуваме роман за деца!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)