гимназија (имн.) - и (сврз.)

Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прислужникот не веруваше во нашата приказна: тој нѐ испрати до големиот влез на гимназијата и, гледајќи нѐ со поглед полн сомневање, ја заклучи зад нас влезната врата со огромниот клуч.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Отрчав до гимназијата и влегов; се упатив во канцеларијата на директорот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Евангелидис му бил близок (шура?) на проф. А.Наумов, со кого Гарванов работел во Егзархиската гимназија и заедно го формирале споменатото контрареволуционерно братство.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ме најде пред гимназијата и позелене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Завршив основно, гимназија и факултет и основав свое семејство.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Допатува во Глупов на бел коњ, ја спали гимназијата и ги укина науките. 126 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Перехват-Залихватски, Архистратиг Стратилатович, мајор. За овој се премолчува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)