гимназија (имн.) - во (предл.)

На крај градот Кукуш, веќе го чекаа неговите стари другари од основното училиште Коце и Тасе, кои веќе три години учеа гимназија во Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Мене ме испратија во гимназија во Сентеш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
На 15 декември во Скопје беше одржана конститутивна конференција на АФЖ, а истиот ден беше издаден и првиот број на на весникот “Македонка”, а потоа под наслов “Просветена жена” прво женско списание.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Грција во Македонија, до 1886, имала отворено 846 грчки училишта, вклучувајќи три учителски школи, една женска и машка гимназија во Битола и др., со вкупно 45.000 ученици.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Целокупниот успех на грчката пропаганда во Македонија по Руско-турската војна (1877-78) и Кресненското востание (1878) зависела, пред се, од контактите и наклонетоста на Османлиската влада.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Президиумот на АСНОМ донесе решение за отворање на првите гимназии во градовите: Скопје, Битола, Прилеп, Штип, Куманово, Струмица, Тетово и Охрид., а на 23 ноември истата година е формирана националната централна библиотека “Св. Климент Охридски” во Скопје.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Кога се враќаше од зградата каде што се наоѓала Воената гимназија во која учеле Ататурк и Фетхи-беј Окијар, Татко ги забележа полициските сили, распоредени околу вакафот и џамијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоде, пак, најмалото од сирачињата Младенови и Спасиини, по завршувањето на гимназијата во Горни Милановац, по наговор на брата си Петара, кој служеше во кралската гарда во Белград, капетан, заминал во Загреб за да студира на тамошниот медицински факултет.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Милан Арсов, од Велес, ученик во Бугарската гимназија во Солун, 19 години.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија“ биле: Васил К'нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М.К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Основно училиште и нижа државна гимназија завршува во Прилеп, а државна реална гимназија во Битола.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Змејко ниеднаш не чувствуваше дека му недостасува нешто, кога имаше една таква жена, како Мара, еден таков син, кој на крајот од секоја завршена година во гимназијата во градот носи сведоштва со одлични оценки и по некоја книга награда, но Мара ниеднаш не се ослободи од сенката на таа тага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Основно образование има завршено во родното село, гимназија во Битола, а студирал на Филозофскиот (сега Филолошки) факултет во Скопје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Застапуван е во сите антологии на македонската поезија објавени кај нас и во светот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Постарата ќерка Блерина беше во француската гимназија во Ла Марас...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите надежи на баба, за заминување на семејството во Турција и тамошен прифат, почиваа врз моќта на нејзиниот прв братучед Али Фетхи, по мајкина линија, кој по завршената воена гимназија во Битола (со Мустафа Кемал, негов најблизок, доживотен пријател) и Воената академија станува воено аташе во Франција (1911), потоа амбасадор во Софија (1913), крај Мустафа Кемал кој е воен преставник на Османската империја, потоа премиер на Република Турција, кога Мустафа Кемал станува претседател на Турската република, па потоа амбасадор во Франција, амбасадор на Турција во Велика Британија, па Претседател на Парламентот на Турција, Претседател на првата Либерална партија (1930), во обидот да се организира мултипартиски систем во новата Република.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На прагот стоеше градинарот Раиз со двете ќеркички за рака, петгодишната Јета и четиригодишната Дита. Од белите мермерни скали слезе сопругата Гзиме.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа стануваше уште појасно од монологот што го продолжи Али Фети: Мојата генерација со Мустафа Кемал, уште во најраната младост, во Воената гимназија во Битола, стануваше свесна за неопходното урнување на султанот Абдул Хамид и на одживеаната Империја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Прекрасно, сине, книгата Духот на законите, во 1734 година, близу сто и повеќе години, ќе ги оживее своите значења за нашата генерација со Мустафа Кемал на чело, првин во гимназиските клупи во Воената гимназија во Битола во 1900 година, а потоа и во Анкара пред прогласувањето на нашата Република Турција...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не се оствари надежта на еден на основоположниците на новата Република Турција Али Фети Беј Окјар, соучесник и пријател на Мустафа Кемал Ататурк од Воената гимназија во Битола, негов прв премиер и верен пријател до крајот на животот, Татко, неговиот внук, нов кадија и на шеријатот и на модерното европско право, да го започне искачувањето кон врвовите на новата владетелска хиерархија во нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Есента пак се отвори училиштето и Крле разбра дека Стојан Жиовчев, Трајко Мидмов, Трајко Јанов, Божин Попов и други свршени ученици од IV одделение и I клас ќе одат во гимназија во Прилеп, каде што се отворил пансион.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Гледајте: Гимназиите в небо Крагуевац в реки Срби - само во празните школи по дневниците.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Завршив трговска гимназија во Свиштов и експортна академија во Загреб.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во младоста беше завршила француска гимназија во Солун со одличен успех.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Го нема ниту познатото здание на Гимназијата во која учев, позната првин по името Женска гимназија, потоа по името Јосип Броз Тито.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дома го викна синот на поп Стефо кој имаше завршено гимназија во Солун.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)