генерација (имн.) - го (зам.)

Една генерација го зазема местото на друга.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ф. Б.: Но вие бевте првиот чија приказна ги премина границите на вашата земја, но сепак го задржа специфичниот идентитет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Казимир Ешмид тоа трескавично чувство за време на таа генерација го сведе на формулата: „Нивното чувство се развиваше неограничено.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Александар мислеше дека одамна се ослободил од тоа, ама мечот кој што на кратко му го пресече телото додека се поздравуваше со некрунисината мис тинејџер на неговата генерација го увери во спротивното.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И така било! Добиле куќи и земја, во замена, крај брегот на Езерото, тука веднаш до малото гратче, што денес го гледам од вишната карпа со старата таткова дуљбија, некогаш од Татко, од Цариград донесена, а со која три генерации го гледале родното место преку граница, тука веднаш крај Манастирот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повоените генерации го открија домот како објект за поврзување и огледало за егото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)