генерал (имн.) - во (предл.)

Маршираше со униформата на шпански борец, со стари учесници во Октомвриската револуција, прославени команданти на пролетерски бригади во антифашистичката борба, со медали на градите, заедно во колоната со генерали во свечени униформи, со амбасадори во свечени одежди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Амбасадорот Марио Пико за времето на превратот на генералите во Аргентина го извиши својот силен глас на немирење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Странично од Каравангелис е обезглавената статуаа ма американскиот генерал Ван Флит кој им командувал на грчките владини генерали во текот на граѓанската војна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Авторот на книгата, главниот хирург во болницата “250”, проф. дор. мајор Владислав Барчиковски, сега бригаден генерал во пензија, лично го запознав во септември 1996 година.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Светот на комунистите си имал свои војски, ќе си имал и свои генерали, ако не веднаш, тогаш малку подоцна; броси јево; фрли го тој царски генерал в ѓубре, сосе рамка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А бидејќи такво нешто не се случило Рајна и понатаму продолжила да ја посетува својата симпатија Генералот во неговиот дуќан за сода вода и да ги игра и пред него сите оние игри со кои ги збудалуваше мажите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае зошто, го послушав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури правела и шеги за сметка на Трајчеица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Семјон честопати ќе ми речеше дека Борис Степанович сторил убава работа кога не му даде потврда на Ролан Јаковлевич дека бил генерал во Царската Руска Армија.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа ноќ, во некаков френетичен напад, Марија ја искина литографијата на генералот во трпезаријата, ја шутна со сета сила пред вратата која водеше во дворот и се фрли на подот облеана во крв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Следната недела, откако се врати во заедничката спална, на прсти се прикраде до собата на ноќната болничарка и тропна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)