генерал (имн.) - кој (зам.)

Такви бевме и тоа го признаа и противничките генерали кои во своите извештаи, мемоари и воени бележења напишаа дека – нофитите – значи Македонците, се борци со силен дух, голема физичка издржливост и над сѐ многу храбри борци.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од килерот на една од дреновските куќи рано наутро двамина вооружени со автомати го разбудија партизанскиот генерал кој беше осуден поради неуспехот на борбата за заземање на Воден.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кој можеше да ја предвиди оваа стратегиска варијанта меѓу учените генерали кои нѐ подготвуваа како да ја браниме татковината со нивните незамисливи стратегии?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)